Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 април 2015
Првиот петок по Велигден бројни гости ја посетуваат месноста Црн камен близу Велес. Тоа е ретка природна убавина но и вакваско место, за кое има верување дека помага и лекува. Помага на болните и беспомошните.
На местото голем број посетители од Кавадарци, Кочани,Македонски Брод, Скопје, Прилеп, Велес.. Македонија во мало. Некои по прв пат, некои секоја година, други по пауза од децении. Но сите со една надеж, за добро здравје.
Верувањето е дека треба да се мине под големиот водопад, три пати и да се биде намокрен од водата. Ако не се случи тоа, тогаш човекот е многу грешен. Луѓето што доаѓаат тука тврдат дека имало случи кога водата бегала од некого, како ѓавол од крст, па тие заминувале плачејќи.
Други тоа го објаснуваат со големиот пад на водата, од 50-тина метри па ветерот ја носи лево десно, што не значи дека бега од човек, туку се поместува линијата на падот. Годинава тешко дека ќе се случи некој да не биде мокар, Влажната година придонесе водата да тече во големо количество и сите што утрото беа тука, заминаа мокри до гола кожа. Тако беше случајот со тројца млади од Македонски Брод.
Прв пат доаѓаме. Сме слушнале за местото. Станавме утрово во 5 часот, за да дојдеме порано. Лесно го најдовме преку гугл. Никогаш на се знае од каде ќе дојде помошта - вели соговорникот.
Сите што доаѓаат се срамежливи, не сакаат јавно да бидат споменати нивните имиња. Но затоа имаат цврста верба дека Црн Камен може да им донесе помош. Тука беше и семејство од Кавадарци, кое јасно даде на знаење дека дошле заради рожба. Така било пред некоја година за сега со поглед да покаже дека двете девојчиња кои ги чекале ги добилe откако минале под водата. На ова се надоврза посетителка од Кочани.
Знам дека помага. Затоа и дојдов. Мои роднини немаа деца, дојдоа тука, сега имаат ќерка. Кој не верува ,никој не го тера со сила - дадава жената.
Друго семејство од Кочани кои подолго време немале рожба, по посетата на Црн камен им се слупило и тоа, добиле син. По манастирот кој е во близина Св. Димитрија го крстиле детето Димитар. На ова место се доаѓа од првиот петок после Велигден и се доаѓа се до Спасовден. За исцелителната моќ на неговите води се знае надалеку и затоа има бројни посетители. Иако до пред 10-тина години никој не врзуваше панделка по околните дрвја, но гледајќи ги турските тв серии сега и тоа се прави, со посакување желба. Тоа порано не било присутно.
Ако политичарите веруваат во политиката и тоа што го зборуваат, зошто јас да не верувам во ова. Тие најчесто лажат а многумина им веруваат а тука никој не ме тера со сила да дојдам. Но доаѓаме неколку години. Ништо лошо не ни се случило ама веруваме во местото - вели млад скопјанец кој е дојден со група негови врсници на возраст до 25 години.
Tweet |