речник контакт

Пожар во околината на селата Војница, Крајници и Извор

Гори ниско стеблеста дабова шума и смрека

Петар Печков

Денес три пожари во велешко, два се локализирани, во Владиловци и Башино село. Таму горела сува трева и ѓубре, нема штета. 

Во околината на селата Војница, Крајници и Извор, гори  ниско стеблеста дабова шума и смрека.  Откако утринава бил локализиран, во 13 часот повторно е активен, .на терен е и месното население.

„Пожарот во околината на село Војница уште е активен.. На терен се две возила со шест  пожарникари од ТППЕ Велес, едно возило и  пет  вработени од ЈП Тополка од Чашка, потоа полицајци од Чашка,   две возило и десет вработени на ШС Бабуна Велес“ - кажаа од Центарот за управување со кризи. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »