речник контакт

Пожар и се закани на железничка пруга Чашка - Стари Град

Изгорени 50 ха со сува трева. Железничкиот сообраќај од и кон Богомила, вчера попладне се одвивал отежнато

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден голем пожар  го зафати реонот на селата Стари Град, Бусилци и Ново село  велешко. Изгорена е површина од 50-тина хектари, но среќна околност е што  е со сува трева. Огнот пламнал во два наврати па пожарникарите гаснеле од 10 до 12,30 и од 13 до 19 часот.

Пламените  јазици и се заканиле на железничката пруга Велес - Прилеп, на делницата кај Стари Град поради што морал да интервенира и против пожарниот воз. Поради огнот железничкиот сообраќај на релацијата Велес - Прилеп во попладневните и вечерни часови се одвивал отежнато, со намалена брзина и доцнење. 

Имаме сериозни сомнежи дека пожарот е подметнат, бидејќи нашите екипи го ликвидираа  на пладне,за да по половина час, огнот се појави во близина на нова површина. Ветерот кој дуваше создаваше проблеми во локализирањето. Освен наши екипи, имаше и од Македонски железници, кои ја спасуваа пругата - изјави Љупчо Лепидовски командир на ППЕ од Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »