речник контакт

Пожар изгоре 40 хектари површина на влезот од Велес

Огнот стаса до Црн Камен, нема штети во Агрија и друга свињарска фарма

Петар Печков

Вчера попладне и вечер голем пожар ја зафати околината ана градот, од  јужна страна. Од огнот изгореа 40-тина хектари површина, со сува трева и ситна вегетација.

Пожарот избил околу 16 часот во долниот тек  на Бабуна, кај вливот во Вардар а беше изгаснат во 23 часот. Огнто стигнал до месноста Црн Камен.  Го гаснеле четири возила на противпожарната единица до Велес. Силниот ветер кој дуваше попладнето ја отежнувал нивната работа. 

 Од огнот беа во опасност кланицата на Агрија и една свињарска фарма која е таму лоцирана. Со нашата интервенција нема штета на двата објекти. - изјави Љупчо Лепидовски од ППЕ Велес.  

  Причината за огнот  ќе ја покаже истрагата, но не се исклучува човечкиот фактор. Вчера попладне гореше и кај Пашин мост, каде се зафанати 5 ха со трева а пожарот набргу бил изгаснат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »