Петар Печков
Објавено: четврток, 06 ноември 2014
МВР информираше дека во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 32 решенија против 32 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето. Од нив четворица се од Велес.
М.М. полицаец во ПС за ГН Чашка изречена му е мерка “парична казна” (дрско се однесувал кон претпоставениот старешина).
М.Т. полицаец за БПС во ПС за БПС Велес изречена и е мерка “писмено предупредување”(не го одржувала службеното оружје)
Б.М.полицаец во ПС ОН Велес изречена му е мерка “писмено предупредување” (заспал на работното место).
А.С. полицаец во ПС ОН Велес изречена му е мерка “писмено предупредување” (се оддалечил од работното место).
Tweet |