речник контакт

Понеделник еко-акција, „Сакај го Велес“

За денот на пролетта акција за чистење на градот

Петар Печков

По повод доаѓањето на пролетта, на ден 21.03.2022 година, понеделник, ЈКП Дервен и Општина Велес организираат еко-акција „Сакај го Велес“, која ќе почне во 9 часот, на локацијата пред Мало мовче
.
Во акцијата учество ќе земат вработените од сите Сектори и Одделенија на ЈКП Дервен и Општина Велес, средните и основните училишта, Организацијата на Црвен крст, градинките и  средношколскиот Интернат  Лазар Лазаревски.

Кон акцијата  за чистење на градот можат да се приклучат  сите граѓани  и да дадат нивен придонос за почиста и поздрава животна средина.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »