речник контакт

Поп пејачот Димитар Андоновски ја напиша музика за театарска претстава на велешки театар Крал Иби

На неговата музика пропепаја Зорица Панчиќ и Жарко Димовски

Петар Печков

Поп пејачот  Димитар Андоновски е дел од авторската екипа на претставата ,,Кралот Иби,, која се погодува во велешки театар. Битолчанецот  ја пишува музиката за претставата, што за него е ново искуство, иако до сега имал блиски соработки со театрите. 

Ова ми е прва претстава во која ја работам музиката. Претходно сум помагал за некои претстави во Битолски театар, но не професионално, така за мене лично, да видам дали можам. И еве со велешки театар и режисерот договоривме соработка, токму  а овој текст. Морав да го прочитам за да можам  да ја компонирам музиката - вели Андоновски.

 Неговата сестра е актерка в о битолски театар, Маја Андоновска така што често бил во таа куќа, имал контакт со театарот и неговата потајна желба сега се остварила.  Димитар  бил близок пријател со режисерот  Андреј  Цветановски, па така дошла и  поканата за да ја пишува музиката. 

 Искрено сум многу задоволен од тоа што го сработив. Многу добро се залепи на сите сцени. За сите ликови имам различна музика, за секоја сцена. Музиката е инструментал има и два сонга. Едниот сонг го пее капетанот Бордо тоа е Жарко  Димовски    а вториот на мајка Иби  која ја толкува  Зорица Панчиќ. Тие пеат на делови од нивниот текст, кој го склопив во песна. Очекувам реакција од публиката  - додава Димитар.

Иако оваа претстава се уште ја нема видено публиката, премиерата е закажана  за 17 мај, веќе се јавиле покани и за други гостувања, во други театарски претстави.    Во  Кралот Иби   од Алфред Жари се зборува за владетелите и нивниот однос кон поданиците  а во траги комедијата  главната улога ја толкува  актерот Зоран Љутков. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »