речник контакт

Попладневниот воз за Кочани, вчера каменуван

Поради увид возот доцнел еден час, повредени нема. Оштетен е новиот кинески моторен воз

Петар Печков

Вчера попладне, петок,   возот од Скопје кој сообраќа за Кочани бил каменуван. За ова сведочат патници  кои патувале со него. 

Кога стигнавме на  железничка станица Драчево, возот сопре и побара да се преместиме во друг воз, оти овој бил каменуван. Било скршено стаклото од левата страна. А  патувавме со новиот кинески воз.  Се качивем во гевгелискиот и го продолживме патувањето за Велес - вели патник во возот. 

Од МЖ информираа дека кочанскиот воз го продолжил патувањето, по  еден час, по извршениот увид од страна на полицијата. Од  каманувањето   е сторена материјална штета.  

На 30.03.2018 година во 16,50 часот од  Железничка станица-Лисиче во правец кон  Железничка станица-Драчево, на околу 30 метри пред рампата за населба Драчево, од страна на непознато лице каменуван е патничкиот воз кој сообраќа на релација Скопје – Кочани, при што е скршено едно стакло. Повредени патници нема - информираа од МВР.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »