речник контакт

Пораз за разделба на ракометарите на Борец

Јуниорите на скопски Вардар подобри од велешките јуниори, во сениорска конкуренција

Петар Печков

Во 14-тот коло  од Супер лигата во ракомет, во Скопје, екипата на Вардар  Јуниор беше подобра од ГРК  Борец   со 24:16 (12:8). Тоа беше натпревар на две екипи до долниот дел на табелата, велешани со 10 скопјани  со   три бода.

Борец настапува со младинскиот  состав, оти   првата  екипа штрајкува, чекајќи исплата на  две плати и со желба на повеќето да заминат од  клубот. И во таква ситуација, кога   на терен беа две младински  екипи, домаќините подобри.  

Единствено во првите   10 минути Борец беше рамноправен па дури  и со  водство од 6:4 за се  потоа да  биде во знак на поискусните скопјани, кои  имаат настапи во најквалитетното друштво.  

За одбележување се 8-те гола на Минов  Димитар во редовите  на ГРК Борец, или половина од вкупниот број  погодоци.  Со овој натпревар заврши есенскиот дел  и Борец се најде по  14 кола  на     седмото место со седум бодови.

Остануваат уште четири  коло  па потоа  ќе се формираат две лиги, за титула и за опстанок. Велешани  ќе  играат  во втората, каде бодовите   вториот дел се пренесуваат. Бидејќи Младост од Богданци   се   откажа, ќе играат пет и  последната екипа  за да остане во Супер лигата  ќе игра бараж со вториот од   Првата  лига.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »