речник контакт

Поројниот дожд , ја оштети улица Белградска

Од подземните води на Белградска 1 се оштети асфалтот, поради што оваа улица е небезбедна за сообраќај

Петар Печков

Поројниот дожд, кој врнеше денес, вторник кратко 20-тина минути ги избања велешани кои се најдоа на улица, претпладнево околу 10,20 часот. Ги избрка пазарџиите, ја намали цента на градинарските и земјоделски прозиводи.

 На улицата Белградска 1 направи и голем отвор на асфалтот, кој пропадна поради подземната вода. Така овој дел на градот сега е отсечен, бидејќи не може автомобил да мине преку овој кратер и тој е опасен и штетен за автомобилите.

Жителите од овој дел на Велес очекуваат дека овој проблем бргу ќе го санираат надлежните во интерес на нивната безбедност.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »