речник контакт

Посетени пензионери, во рамките на неделата на грижа за стари лица

Волонтерите и стручната служба од Црвениот крст од Велес, ги слушнаа барањата и потребите на оваа возрасна гpупа жители

Петар Печков

Волонтерите и стручната служба  од Црвениот крст од Велес, посетија пензионери од градот. Посетени беа дел од кампањата „Сите сме нивни деца“ со која се одбележува Неделата за грижа на стари лица

„Беа посетени  десет домови на пензионери од градот. На средбите ги слушнавме  проблемите со кои се соочуваат постарите лица, нивните барања и потреби, а воедно им беа презентирани можностите за помош и асистенција која ги дава организацијата“- соопшти Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес. На домаќините волонтерите им врачија и скромни пакети со храна и хигиенски средства.

Претходно во рамките на одбележувањето на оваа недела, кај највозрасната старосна група, се извршија прегледи за мерење на крвен притисок и ниво на шеќер во крвта.

фото ОО на Црвен крст Велес.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »