речник контакт

После два месеци во Велес регистриран починат пациент позитивен на ковид-19

Во велешко денес има четири нови случаи, активни се 21

Петар Печков

После два месеци и десетина дена, во Велес има регистрирано прв случај на лице починато од последиците на ковид-19. Тоа се лекувало две седмици на Инфективното одделение од велешка Болница.

„Починат е еден пациент, на 65 годишна возраст од Велес, позитивен на ковид-19“ - кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на велешката Болница.
 
Починатиот е 176 лице во велешко, поради последиците на ковид заразата. Последниот претходен смретен случај беше регистриран на 2-ри јуни, годинава.

На Инфективно одделение вкупно се хоспитализирани тројца  пациенти,  сите тројца се потврдени позитивни. На кислородна поддршка е еден  пациент. Испишан е еден пациент како оздравен, со еден негативен тест.

Институтот за јавно здравје објави,дека изминатите 24 часа, во велешко има четири лица кои се ново заразени со ковид-19. Вкупниот број на активни слачаи во велешко е 21 лица. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »