речник контакт

После пет месеци, радост за фудбалерите на ФК Борец, победија

ФК БОРЕЦ 1919 - ФК СТРУГА ТЉ 2:0 ФЛ СЛОГА- ФК ЛОКОМОТИВА 8:0 втора лига Исток)

Петар Печков

Фудбалерите на ФК Борец забележаа победа во 28-то коло од Првата лига. Славеа дома со 2:0 против екипата на ФК Струга ТЉ, која беше 8-мо пласирана. Головите за домашните ги постигана Ѓорѓевиќ во 64 и Ѓорѓиев со 77 од пенал. Тој имаше можност повторно од удар од 11 м да го зголеми резултатот, но не беше прециозен.  Во судиското продолжение домашниот фудбалер  Николовски заработи црвен картон. 

Оваа победа е четврта во првенството и доаѓа после пет месеци пауза, после десет кола,  претходната беше на 8-ми декември лани во Битола над ФК Пелистер.  ФК Борец останува претпоследен со 18 бодови. Останатите средби  од ова коло, се играат утре.

Лидерот на Втората лига Исток, ја наполни мрежата на фенерџијата ФК Локомотива до Градско со 8:0. Тоа бе натпревар од 23-то коло. Во следното коло, во Градско гостува екипата на ФК Кожуф од Гевгелија, која е петто пласирана. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »