речник контакт

Пратникот Илија Димовски седнува на обвинителната клупа на Основен суд Скопје 1

Обвинет е за кривично дело ,,перење пари,, зедно со шестмина други лица од ВМРО-ДПМНЕ

Петар Печков

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите  до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе два обвинителни акти како резултат на спроведената истражна постапка во предметот познат во јавноста како „ТАЛИР“.

Од причини на целисходност, ова Јавно обвинителство ја раздвои постапката во предметот „ТАЛИР“, од кои причини поднесени се две обвиненија. Едниот обвинителен акт се однесува на незаконско финансирање на правното лице – политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, а вториот обвинителен акт се однесува на незаконската изградба на седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинението за незаконското финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ е поднесено против шест физички лица и едно правно лице и тоа: лицето Никола Груевски за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, Перење пари, лицата Кирил Божиновски и Миле Јанакиевски за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување и Перење пари; лицата Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска за сторено кривично дело Перење пари и правното лице политичка партија – ВМРО-ДПМНЕ за сторено кривично дело Перење пари .

Откако паричните средства кои потекнувале од кривично дело биле внесени на жиро сметката на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ обвинетите Илија Димовски, Елизабета Чингароска,  Леко Ристоски и Миле Јанакиески, како овластени потписници на сметката на политичката партија, иако знаеле дека парите потекнуваат од кривично дело, истите ги пуштиле во натамошен оптек со потпишување на налози за плаќање на обврските и купување на недвижен имот за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »