речник контакт

Првата доза бесплатните вакцини во Велес потрошени бргу, бргу, преку „Мој термин“

Од понеделник се најавува нова доза, матичните очекуваат термин за поголем број здравствено ранливи категории да се вакцинираат

Петар Печков

Првата доза на бесплатна вакцина против сезонски грип во Велес експресно  заврши. Пациентите  кои биле упатени во „Мој термин“ денес се вакцинираа во пунктот во Здравствен дом. Вакцинацијата беше на 10 минути, според протоколите.

Во период од 40-тина минути присуство  пред пунктот, можеше да се види  без исклучок беа возрасни лица со хронични болести, како што сами кажаа.   Дека првата доза бесплатни вакцини бргу се потрошени, потврди и д-р Лили Чолакова Дервишова, претставник на матичните доктори од градот.

Според реакциите од колегите од Велес, вчера претпладне сите термини од „Мој термин“ за вакцинација против сезонски грип беа пополнети. Останува да ја чекаме втората доза, која надлежните ја најавија за следната седмица и дека таа ќе биде достапна за поголем број сограѓани - кажа -др.  Чолакова Дервишова.   

Ваквата состојба била и во Скопје, каде освен Велес, вчера беа пуштени бесплатни вакцини против сезонски грип. Лекарот Ненад Лазаров, кој во јавноста е познат по реакциите за состојбите во здравството, оцени дека закажувањето на вакцините за сезонски грип е „тотален дебакл“.

Пуштените термини беа закажани за  само неколку минути тотално рандом. Кој стигна, фати термин. Останатите? Како да им објасниме на пациентите дека некој има закажано а некој не, дека се спроведе „игра на брзи прсти“ за закажување?" прашува д-р Лазаров. Тој смета дека бројката на вакцини односно термини е премала и не ги задоволува потребите.

Министерството најави дека годинава набавиле 40 илјади вакцини, 12 илјади повеќе од лани. Лани вакцинацијата започна на 22 ноември, годинава 12 дена порано.  

Од разговорите со пациентите кои претпладнево се вакцинираа во пунктот во Здравен дом, можеше да се слушнат имиња на повеќе различни  доктори, не двајца, кои го искористеле „Мој термин“. 

Најавите се дека од понеделник се очекува нова доза на бесплатна вакцина, која можат да ја добијат   хронично болните, децата до пет години, здравствените работници,  бремените жени.

Имаше и пациенти кои доаѓаа да се вакцинираат со комерцијалната можност, со плаќање од 800 денари, но тие велеа дека скитале, не знаејќи  каде да се обратат.

Бевме во Хигиенски таму никој не знае да каже кога ќе започне оваа вакцинација. Не препраќаа овде, но тука било со „Мој термин“.  Добро е да се информира кога ќе започне и вакцинацијата која се плаќа - рече граѓанин.

Доцна вчера попладне се јави и директорката на Центарот за јавно здравје Анастасија Иванова. Таа во телефонски разговор соопшти дека тие се уште немале добиени вакцини, за кои Министерството за здравство кажа дека сами на централно ниво ќе ги набават, со сопствени средства.

Иванова најави дека што ќе добијат вакцини, ќе ја информираат јавноста во градот. Вакви вакцини вчера имало во Центарот за јавно здравје Скопје и иако чинеа 800 денари бргу за еден ден, за неколку часа, се потрошиле две илјади.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »