речник контакт

Пред велешани премиерно „Чекори кон Европа “ за Словенија и Македонија

Мјузиклот одлично прифатен од публиката

Петар Печков

Без малку еден час присутните во салата Бели мугри уживаа во драматизацијата, играта и песната   на  музичко – драмскиот настан ,, Чекори кон Европа,, за Словенија и Македонија. Него го изведоа 16 деца од Велес  на возраст од 9 до 16 години и актерката Весна Бобевски а беше реализиран во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Македонија.

Словенците од нивата амбасада во Скопје беа многу  заинтересирани за овој проект и тоа ме  повлече и мене. Во претставата и текстот  опфативме и споменици, култура, носии, спорт, музика, архитектура, носии се што може во 50 минути. Но да не биде досадно, затоа го осмислив како мјузикл. Жално е тој да престане со работа, и се надевам дека ќе биде прикажан во други градови     - рече    Весна Бобевски комплетен автор на перформансот.

Како амбасадор ме радува што Вие бевте  вистински амбасадори на македонската култура во Словенија, но и на Словенија во Македонија. Ви посакувам да истраете во Вашето дело. Ова е можност за зближување на пријателските народи како што се Словенците и Македонците   – изјави Бранко Раковец амбасадорот на Словенија во Македонија.   

Овој перформанс претходно ја имаше својата премиера и  беше прикажан во Словенија во неколку наврати.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »