речник контакт

Прекината постапката за рестарт на Топилницата!!!!!

Министерството за Животна Средина и Просторно Планирање ја прекинува постапката во предметот Топилница се до одлуката на второстепената комисија

Петар Печков


Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека ја прекинува постапката за оценка на влијанието врз животната средина во предметот Топилница Велес додека не биде донесена одлука од второстепениот орган.

На 24 јануари 2012 Министерството донесе решение со кое се утврдува потребата од оценка на влијанието врз животната средина  на проектот: „Топилница за олово и цинк Велес“ во општина Велес. Против решението е поднесена жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, наведува МЖСПП во информацијата.

,,Со оглед на поднесената жалба, се до донесување на одлука од второстепениот орган, МЖСПП нема да преземе понатамошни активности за спроведување на постапката за оцена на влијанието врз животната средина по однос на овој предмет,,.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »