речник контакт

Прекинот на железничкиот сообраќај кон Богомила, го сопре транспортот на дрва за огрев за Велес

Повторно велешани во редици за дрва

Петар Печков

Освен што патниците од и кон Битола, две седмици мораат да користат само автобус, проблеми од прекинот на железничкиот сообраќај има и во снабдувањето со дрвја за огрев за велешани.

Откако поради зголемената побарувачка и редиците кои се создадоа во испораката на дрва, се вклучија  и  Македонски железници,  деновиве и тој превоз сопре.

Тоа предизвика застој во снабдувањето и повторно  недостиг на огревно дрво во велешките складови и во  Шумското стопанство Бабуна.  Тоа создава револт   кај потрошувачите  и купувачите, оти грејната сезона  е почната безмалку месец дена а тие дрва за огрев немаат. 

Поради прекинот на железничкиот сообраќај кон Битола, не може да се испорачаат исечените и подготвени за транспорт дрва за огрев, кои се наоѓаат на железничката станица во Богомила. Застојот е две седмици  а  неизвесно е кога ќе продолжат да сообраќаат возовите. Поради ова  со камиони носиме дрва од сечата во Азот, но тешко ги задоволуваме  потребните порачани  количини  - велат од ШС ,,Бабуна,,.

Повремено   стигнуваат  по два камиони, но тие не   го ублажуваат недостигот на огревно дрво.  Во Велес  има  уште семејства кои не го добиле целосно платениот огрев, иако парите  ги уплатиле уште пролетва.

Патничкиот и товарен сообраќај од и кон  Битола е во прекин од 22-ри октомври од попладневните часови, кога голем одрон од камења падна на железничката пруга. Тој беше расчистен, но од МЖ објаснуваат дека има опасност од други камени блокови  кои се закануваат да паднат и се додека тоа не се реши, возовите нема да сообраќаат.

Прекинот е на делницата Мартолци - Стари Град а дрвата за огрев се транспортираат од железничката станица во Богомила. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »