речник контакт

Премиерот Никола Груевски дел од владините министри беа на редовниот годишен отчет пред велешани

За седум години додека се на власт, ВМРО-ДПМНЕ се пофалија дека ја симнале невработеноста во Македонија од 38 на 28 отсто

Петар Печков

Отчетно и  јавно, пред граѓаните премиерот Никола Груевски дел од владините министри беа на редовниот годишен отчет пред велешани. Така тие ја најавија нивната трибина која се одржа во салата Бели мугри.

Доаѓаме да ги слушнеме вашите проблеми, мислења за досега сработеното од наша страна, вашите идеи, да ги претставиме нашите резултати. Ова е тоа по што се разликуваме од нашиот политички конкурент.  Имало или немало избори ние сме тука, меѓу Вас. Тоа ви користи вас, ни користи и нас. Не држи до реалноста, да не ја доживуваме од канцелариите, да ја  доживуваме Македонија од терен, со народот. Затоа седум години победуваме оти го слушаме  неговиот глас, па нека биде и гнев, револт, да не му земеме за зло,  да влеземе во неговата состојба да го сослушаме.

Ветивме дека ќе бидеме политичка гарнитура која ќе работи силно и многу повеќе од сите претходни.  Започнавме толку многу проекти, па затоа го зголемивме темпото. Не затоа што ние така одлучивме, туку од многу проекти не можеме да ги менаџираме, затоа мораме така силно да се посветуваме. Работиме по 12 часа на ден, и празници и викенди. Така ја доживуваме политиката, тоа што сме го ветиле мораме да ги  исполниме.

Ако не се исполни мора да има дебела причина  и да  му се објасни на народот. И покрај Светската криза и Европската должничка криза, ние успеавме   во најголем дел да ги завршиме работите, дел доцниме, дел повеќе доцниме. Но во најголем дел 80 отсто ги исполнивме во исклучително тешки услови. Еден ден кога ќе бидеме заменети од друга Влада,  ќе бидеме пример за нив. Тешко дека ќе минат ако работат со помало темпо. Воведовме нов  стандард на работење. 

Останавме доследни и во континуирани реформи. Исполнуваме но  и правиме нови реформи.  Нашата филозофија е постојано и постојано реализација  на идеи, кои ќе создадат нови промени во кодот. Поминавме седум години и понудивме нови проекти и идеи, дел од програмата, дел надвор од неа.  Нема запирање. Опозицијата не може да не следи иако има дваесет пати повеќе слободно време од нас. Велат ќе не фателе на кондиција, ќе се изначекаат ако сакаат да не фатат на кондиција. Ние овој начин на работа ќе продолжиме да го следиме. Тоа е карактеристика на оваа политичка гарнитура – изјави премиерот Никола Груевски. 

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски  истакна дека  за овие седум години власт невработеноста ја симнале од 38 на 28 отсто. Министерот за труд и социјала Диме Спасов најави дека од јануари месец глувонемите ќе добиваат месечна помош од 4 илјади денари а сите лица кои имаат проблеми со сите четири екстремитети ќе добиваат материјална помош од 7 илјади денари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »