речник контакт

Претставата ,,Жени,, и порака за Светскиот ден на театарот 27 Март

Утревечер, вторник, велешкиот театар ќе биде дел од светското обележување на денот на театарот

Петар Печков

По повод 50 годишниот јубилеј од одбележувањето на Светскиот ден на театарот 27 Март, утревечер, со почеток во 20 часот, Театар "Џинот" Велес ќе ја изведе претставата "Жени" од Марија Станкова, во режија на Софија Ристевска.

На Светскиот ден на театарот секоја година, во повеќе од 100 театри во светот се читаат меѓународни и национални пораки. За оваа јубилејна 50-та годишнина во Македонија ќе ги чуеме пораките на холивудскиот актер Џон Малкович и македонскиот актер Мето Јовановски. Малкович ја праќа меѓународната порака упатена, како што вели, "до моите колеги од театарот, моите соработници и пријатели".

Нека Вашата работа биде инспиративна и оригинална. Нека биде длабока, трогателна, нека тера на размислување и нека биде уникатна. Нека ни помогне во размислувањата околу прашањето што значи да се биде човек, и тоа размислување нека биде благословено со срце, искреност, непристрасност и милост. Да ги надминете несогласувањата, цензурата, сиромаштијата и нихилизмот, кои многумина од вас секако ќе бидат принудени да ги применат, порачува Малкович завршувајќи со желбата најдобрите да го искажат одговорот на најосновното прашање, "Како живееме?".

Мето Јовановски, пак, во македонската порака вели:
"Не знам... не сум сигурен дека знам каков би требал да биде театарот. Немам рецепт кој би го поделил со сите. Мислам дека секој од нас одлучува за сопствениот театар. Јас можам да раскажувам за мојот театар. Го нарекувам театар на слободен пад".

Мето посакува "Заедно да го славиме од бога даденото, да бидеме посреќни, радосни, духовни. Да ја славиме уметноста како светлина против мракот и темнината. А нашите храмови и понатаму да зрачат со духот на убавото, со силата на духовното".

Во јубилејната 50-та година, освен Пораката, Светскиот ден на театарот вклучува и други бројни настани во сите делови на светот, кои се движат од речиси интимни одбележувања до големи народни прослави.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »