речник контакт

Прикривање на силување на малолетник во поправен дом Велес

Настанот кој се случил на 19 мај, дел од вработените во затворот се обиделе да го прикријат

Петар Печков

Настанот кој се случил на 19 мај во    истуреното одделение на Воспитно- поправаниот  дом од Тетово во Велес ја шокираше македонската јавност.  Помлад малолетник, 16 годишно момче било силувано од  четворица негови врсници а настанот дежурните во домот не го пријавиле, туку го прикриле. Не го однеле ниту на  лекар, згора на тоа детето било оставено заедно да престојува  со врсниците  кои се изживувале.  По две недели, малолетникот успеал некако писмено да го информира Народниот правобранител. Тој  на 3-ти јули бил во домот, близу Горно Оризари за да го испита  случајот.

Други тогаш детето било пренесено во друга просторија, да биде со други врсници. Кога дошле претставниците на Народниот правобранител, детето било во очајна состојба, преплашено  и усрамено. Неколку пати во месец јули разговарале со него и кога го затвореле  предметот во август, детето било многу подобро. Претставник на народниот правобранител кој работел на овој случај  вели дека нема никаков извештај дека е разговарано со момчето, што му се  случило, на што се пожалил и дека  некој се заинтересирал за него или  го прашал било што.

Според заменикот народен правобранител Васка Бајрамовска Мустафов , кога таа разговарала со директорот на Воспитно поправниот дом, тој ги информирал дека  раководителот на обезбедувањето Ж.А.  и  раководителката на одделението за ресоцијализација се парично казнети шест месеци по  15 отсто .

Тие жалејќи се на овие парични казни, во образложението изјавиле дека детето лаже, дека не било силувано, што за Народниот правобранител  е несериозно, оти без доктор никој друг не може да тврди дали  на детето тоа му се случило. Од Велешкото обвинителство каде се наоѓа предметот за весникот Вест, кој  пишуваше за овој настан,  изјавиле дека е во тек сослушување на  жртвата, осомничените, сведоците, персоналот, обезбедувањето и по предметот  засега нема одлука.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »