речник контакт

Притвор за велешанец, кој при семејно насилство ја давел сопругата

Во друг случај пријава од баба дека внукот и таа биле напандати од неговите родители

Петар Печков

Основното јавно обвинителство Велес  поведе постапка против  С.С. (24 год)  за  кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, поради основано сомнение дека пријавениот при вршење семејно насилство ја повредил неговата сопруга со која не живее заедно затоа што во тек е бракоразводна постпка.

„Во домот на родителите на жртвата осомничениот отишол за да го земе на видување нивното шестмесечно бебе, но започнал да и се заканува на жената, а потоа и физички ја нападнал и почнал да ја дави за вратот. Таа претходно повеќе пати го пријавувала за семејно насилство, а против него во тек е и судска постапка за неизвршување на судска одлука“ – соопштија од ОЈО Велес.

Поради ризикот да го повтори делото или да се даде во бегство, особено со оглед на тоа што членови на неговото потесно семејство живеат во странство, јавниот обвинител оцени дека се исполнети законските услови и поднесе предлог до Основен суд Велес,  за определување мерка притвор до судија на претходна постапка. Одредена му е меерка пртивро од осум дена.
 
Претходно СВР Велес соопшти дека добила пријава за семејно насилство.


„На 10.01.2025 во 20 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.С.(24 год) од Велес, постапувајќи по пријава од неговата 19-годишна сопруга, со која бил во бракоразводна постапка, дека дошол во домот на нејзините родители за да го земе нивниот малолетен син, при што насилно влегол во домот и физички ја нападнал, а и го одземал и мобилниот телефон, го земал синот, по што ги турнал и нејзините родители“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Истиот ден, петокот во полициај бил пријавен друг случај ан семејно насилство, од родителите врз дете, но и врз неговата баба и дедо.  

„На 10.01.2025 во 13.30 часот полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Д.Н.(43 год) и 38-годишната Е.Ч.Н., двајцата од Велес, постапувајќи по пријава од 60-годишната С.Ч. од Велес. Според пријавеното, во домот на С.Ч. дошол нејзиниот малолетен внук и и кажал дека бил физички нападнат од неговите родители Д.Н. и Е.Ч.Н. По кратко време дошол и Д.Н. и агресивно се однесувал кон неа и нејзиниот сопруг и им се заканувал дека ќе влезе насилно за да го земе детето. Д.Н. и Е.Ч.Н. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи и во присуство на преставниик од Центарот за социјални работи бил извршен разговор со детето. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава“ – соопшти Ѓаковска. 

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »