речник контакт

Притвор за велешанец кој во Скопје се обидел да силува жена

С.К. (53год) нападот го извршил во автомобил

Петар Печков

Основното јавно обвинителство Скопје донело  Наредба за спроведување истражна постапка против велешаенцот С.К.(53 год)  поради обид да изврши кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот велешанец, на возраст од 53 години, во населбата Аеродром во Скопје, спротивно на јасно изразената волја на една оштетена, со употреба на сила се обидел врз неа да изврши полов однос. Откако жртвата пружила активен отпор со удирање со рацете и нозете и гласно викање за помош, осомничениот излегол од возилото каде го извршил нападот и побегнал“- соопштија од ОЈО Скопје.

Бидејќи постоеле околности што укажуваат дека доколку осомничениот се остави да се брани од слобода ќе се даде во бегство или пак ќе се крие, со што ќе биде недостапен на органите на прогонот, но и со оглед на тоа дека постојат особени околности кои укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведокот-оштетена или дека ќе го ќе го повтори или доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор и истата му била изречена, во траење од 30 дена.

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »