речник контакт

Продадени првите четири парцели на езеро Младост

Наменети се за изградба на мотели

Петар Печков

Се продадоа четири парцели на езерото Младост, наменети за изградба на мотели. На  електронско јавно наддавање, за отуѓување на    градежно земјиште, од седумте понудени парцели сопственици  добија четири.  Сите овие  парцели се наменети за изградба на мотели, покрај брегот на езерото Младост.   

Со  овој чин започнува нова страница во историјата на езерото Младост. Така овој туристички локалитет ќе може да  ги понуди своите убавини на повеќе гости. Нашите настојувања да ја изградиме инфраструктурата дадоа резултат и се продадоа првите четири парцели - речи градоначалникот Славчо Чадиев.  На лицитацијата  се продале првите парцели по цена од 313 м2, наспроти почетната 281 денар од м2. Сите нив ги купиле физички лица.    

 Јавно им честитам на сите бизнисмени и инвеститори кои беа далекувиди решавајќи се да ја искористат поволноста на цените за продажба на плацови и да инвестираат во бизнис за кој што сум убеден дека има одлична перспектива  – напомена Чадиев.

За  езерото Младост да биде туристички поатрактивно, пред некоја година  беа иселени дивите кампери,. а Општина Велес се задолжи кај Светската банка, подигна креди за изградба на водоводна мрежа, која минатата година беше завршена и предадена во употреба. За годинава се најавува решавањето и на  канализационата мрежа.

Моментално на езерото Младост има три угостителски објекти, два хотели, меѓу нив и единствениот брод, и еден ресторан. Тие со новите четири ќе понудат поголем потенцијал за развој на туризмот.  Минатите десетина години имаше повеќе обиди за продажба на истите парцели за изградба на мотели, но сите минаа неуспешно. Причината беше  немањето инфраструктура.

Добро е што градот се реши конечно да донесе квалитетна вода за пиење до езерото. Тоа резултираше и со продажбата на првите градежни  парцели. Езерото Младост има голем потенцијал, бидејќи се наоѓа на добро место, покрај автопатот, тука минуваат илјадници транзитни туристи и секој десетти нека намине/ ќе има економска корист гардот и државата - вели бизнисмен  од Велес. Но тој потсетува дека е потребно да се реши уште еден проблем  за достапноста на езерото кон бројните гости. 

 Мора да се уреди приодниот пат од и кон автопатот Скопје  - Велес, кој е во лоша состојба, но и да се најде начин туристите кои минуваат од трасата Гевгелија-  Скопје, да можат да пријдат до езерото,а не само со поглед да го  видат од автопатот и толку - вели соговорникот. Велешани пак се надеваат дека годинава конечно ќе биде решено и прашањето со плажите на езерото,  кои се засега во лоша состојба. На езерото Младост се наоѓа и  академијата на германска Про кредит банка, која е регионална  и каде се обучуваат банкари од Европа и Африка. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »