речник контакт

Промени во избирачките места каде велешани гласаат

Во општина Велес недела на 24 март ќе гласаат 46.261 граѓани на 73 избирачки места

Петар Печков

Општинската Изборна  комисија информира дека  се извршени промени  на  десет избирачки маста. Дел од нив се со нови места за гласање, други со промени на улиците кои припаѓаат кон избирачкото место.

Избирачко место 2138  од интернат  „Лазар Лазаревски“ се преместува во средно училиште „Коле Неделковски“ . Кон  ова избирачко место на постојните  се додаваат и улиците:  „Ѓоше Органџиев“  и .„Филип Втори“

Избирачко место 2146 од  фабриката „Киро Кучук“ се преместува во „Ветеринарна станица “

Избирачко место 2147 од ОУ „Васил Главинов“ се преместува во средното „Коле Неделковски“

Избирачкото место 2155 од „Ликовен Салон“ се преместува во Пионерски дом „Бели Мугри“

Избирачко место 2179   се додава улица  „Андон Ќосето“

 На  избирачкото место 2181 – Хотел Вила Зора  се додаваат улиците:  ул. „Ѓорѓи Гајдов“  и „Мечкин Камен“

Избирачкото место 2186 се преместува  од објект во сопственост на Давитков Стојан ,сега во објект во сопственост на Александар Бисинов

На избирачкото место 2187 населба Дурутовец  се додава улица „Лисец“

 Од  избирачко место 2188 ЈП Македонија пат  се исклучува ул.„Лисец“  а се додаваат улиците: . „Ѓорѓи Шоптрајанов“ (непарни 1-31)  „Ѓорѓи Шоптрајанов“ (парни 2-70)  „Академик Панче Давчев“ (непарни 1-131) Академик Панче Давчев“ (парни 2-212)  „Д-р. Панче Васков“ (непарни 1-97) „Д-р. Панче Васков“ (парни 2-92) „Андон Папрадишки“ (парни 2-36) . „Андон Папрадишки“ (непарни 1-145)

Избирачкото место 2190 во село Рудник  од објект во сопственост на Здравковиќ Росанда сега во објект во сопственост на Бобан Грков

Во општина Градско се гласа на  10 избирачки места , каде има запишано 3.127 граѓани.

Во општина Лозово  има запишано  2.139 лица кои гласаат на  9 избирачки места.

Во општина Чашка има  5.690  граѓани со право на глас кои ќе го остварат тоа право на 29 избирачки места.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »