речник контакт

Промовиран зборникот ,, Името е нашата таткковина,,

Тоа е зборник на текстови од ,,Македонскиот манифест,,

Петар Печков

 Во Ликовниот салон, во вторникот навечер беше промовирана  книгата ,,Името е нашата татковина,,. Тоа е зборник на текстови на група интелектуалци собрани во ,,Македонскиот манифест,, со нивите ставови за одбарна на името..

Со  текстовите во овој зборник да го поттикнеме македонскиот народ,  да размислува за нашето вековно име, за нашата татковина Македонија и да се разбудат националните чувства на  Македонецот. Во овие тешки мигови на нашата земја кога некои бараат промена на нашето име, а истото ќе се случува и со нашата црква,  здружени сега и државата и црквата кои се народни, заеднички да се подготвиме за  одбрана на светото име. Сите сме свесни дека без име ќе изчезнеме. За жал сеуште во некои наши семејства има поделба на Бугари, Срби, Грци но се надеваме дека и нив ќе им покажеме дека  сите сме Македонци  - рече Владиката Агатангел, Митрополит на Поврадарската Епархија на МПЦ-ОА, кој беше организатор на промоцијата.

Зборникот кој е двојазичен македонски и англиски,  ја толкува македонската генеза од изворот до денешни дни. Ќе се дистрибуира во Амбасадите и некои европски авторитети во Брисел и други земји.

Оваа книга е резултат на  работата на круг интелектуалци, кои на своја иницијатива се собраа да се борат за зачувување на нашето вековно име. Тука се мисли  и на идентитетот, проблем кој е прикриен, не од Грција туку од пошироката меѓународна  заедница. Се зборува дека треба да си го смениме името на државата а  тоа е симбол на овој народ. Таа не го добила  од регионот Македонија туку од  народот.  Прв резултат на борбата на неколкумина истакнати македонски интелектуалци е оваа книга. Цел е да се сензибилизира нашиот народ, меѓународната заедница, дипломатскиот кор во Скопје, дека тоа што ни се случува со обидот за промена на името  е неприфатлово, неприциплиело. Во 21 век да негираш постоење на народ е нецивилизациски. Овој зборник е интересно и корисно  четиво - рече аналитичарот и дипломат Ристо Никовски.  Тој се осврна и на победата на Сириза на вонредните параламентарни избори во Грција.

Власта во Грција не може да донесе ништо позитивно за Македонија. Ова се историски промени,  војна која  ќе започне помеѓу Атина и Брисел, во која Брисел нема да му биде на крај памет, да го решава македонското прашање. Атина веќе прави грешки, со ставот дека треба да се замрзнат преговорите за името, а тоа нас ни одговара. Така Грција ќе биде изложена на силна критика и така ќе се отвори простор за  разбирање на нашите ставови и наша иницијатива- смета Никовски

 Прашањето на името е прашање на живот или смрт за Македонија. Повеќе од сто години траат напорите на Европа да се ликвидра  македонскиот индентитет. Почнувајќи од Версај, Берлин,. Букруешт и сега Брисел. Не е демоде дека ова  е меѓународен заговор,  и не треба да затвораме очи,  со сите сили да се бориме да ја разбуиме свеста кај  макеоднскиот народ. Тој е поделен по повеќе линии, политички, идеолошки, и треба да и се даде знаење на Европа дека има двоен аршин. Народот има инстинкт за самоодбрана - рече Ефтим Клетников еден од членовите на  Македонскиот манифест. 

Промоцијата беше збогатена со настап на младинскиот црковен хор „Свети Кирил и Методиј“ , а под диригенство на Веселинка Маџарова. Настанот беше дел од содржините на манифестацијата ,,Велес град на културата,,.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »