речник контакт

Промовирана ,,Златоусно слово,, од Васил Тоциновски

Оваа книга ја доби наградата ,,Книжевен круг 2018,,

Петар Печков

Во медиотеката на салата ,,Бели Мугри,, денес беше промовирана книгата ,,Златоусно слово,, од проф. д-р. Васил Тоциновски. Книгата е историско  книжевни студии во издание на Битолски книжевен круг и добитник на наградата ,,Книжевен круг 2018,,.  

Книгата е мој експеримент во настојувањата на компаративно книжевно проследување, меѓу македонската литература од една и  Балканските литератури од друга страна. Тоа е продолжување на моите претходни книги. Споредувања на македонската литература со другите литератури, автори, процеси, манифестации. Се споредуваат низ различни простори и времиња. Иако со задоцнет развој ние сме биле рамноправен книжевен партнер во Европа. Кај нас отфрлениот и заборавен автор Милисав Димитриевиќ Дримколски, кој иако пишувал на српски на јазик, а сите негови дела  се на македонска тематика и негова најголема љубов е Македонија. Со кој некој си два право да каже дека тој не припаѓа на македонската литература - кажа Тоциновски.        

 

Во делото авторот Тоциновски се бави со литературата од 17 век па наваму и е резултат на архивски истражувања, најмногу во Српските архиви дел и во Хрватските.     

Истражувањата на д-р Тоциновски се простираат на повеќе полиња од македонистиката. Тој е зналец  и активен творец во областа на  литературната наука. Тоциновски го следи книжевниот пулс  и на научен и на  уметнички план  во земјата и во странство.  Секогаш ја остава вратата на своите истражувања,  никогаш не става капак на научните истражувања. Книгата содржи 20 написи презентирани на повеќе  научни трибини. Секој напис има свој микро свет  - рече промоторот  проф. Васил Дрвошанов. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »