речник контакт

Промовирана ,,Седефна кутија ,, на Павлина Климкар Меанџиева

Авторката е член на Друштвото на писатели на Македонија

Петар Печков

 Велешката поетеса Павлина Климкар Меанџиева ја промовираше нејзината најнова книга ,,Седефна кутија,,. Таа твори повеќе од 35 години и за овој период создаде бројни дела.  Промоторот професорката Светлана Ќулумова со избрани зборови , не штедеше комплименти за најновото дело на  Климкар Меанџиева нагласувајќи дека е задоволство да се читаат нејзините  песни.

Ме привлече насловот, бидејќи отсекогаш седефот бил нешто тајновито,  скриено во    душата. Така и во оваа книга низ скриени метафори, низ  компарации, сложенки од зборови,  стари архаични зборови,  Павлина пленува со својата поезија во која овој пат  длабоко ја отвора душата.  Од циклус во циклус авторката не носи низ нејзините стихови, низ есенцијални прашања кои денес го засегаат човекот. Почестена сум што сум промотор на оваа збирка -рече Ќулумова.

 Авторкта Павлина Климкар Меанџиева само со уште двајца велешки автори  Македонка  Јанчевска и Игор Крајчев е член на Друштвото на писателите на Македонија.   

Чест ми беше што читателите можат преку оваа книга да ѕирнат во мојата душа, преку песните  како парчиња склопени мозаик од  значајни мигови, од спомените. Ве советувам да се радуваме на секој нов ден, да го исполниме со тоа што можеме да го дадеме од себе за да бидеме со нас и со тие што многу ни значат во животот.  Нека биде поука дека нема ништо поубаво од белото видело, од животот, од присуството и поддршката на луѓето што ви значат - рече поетесата Павлина Климкар Меанџиева.  

Промоцијата се одржа во просториите на Ликовниот салон, пред бројни гости почитувачи на Климкар Меанџиева, гости кои не можат да се видат на останатите промоции.  Дел од поезијата на авторката читаше поетесата Лила Арсова. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »