речник контакт

Промовирана едицијата ,,Црните страници на УДБА,,

Книгите, девет тома од 16 книги и 13,5 илјади страници ги има во Државен архив а наскоро и во Градска библиотека.

Петар Печков

По повод 123 годишнината од  основањето на Македонската Револуционерна Организација, во театарот се одржа промоција книгите ,,Црните страници на УДБА,, во издание на Државниот архив на Македонија. 

Ова е капитално издание кое се состои од девет тома од 16 книги и 13,5 илјади страници, во кои има  202 досиеја од 15 илјади кои постојат.  Селекцијата е направена од стручните соработници кои подолго време работеа на неа. Ова се само два отсто   од материјалот кој го чува Државниот архив. Станува збор за неверојатни 630 илјади страници, кои допрва ечкаат да бидат откриени, прочитани и објавени. Забележливо е што  вистинските македонски херои се избришани,  маргинализирани или воопшто нивните имиња да не се појават. Со ова дело се исправа големата историска неправда – изјави Филип Петровски  директор на Државниот архив.     

Отпечатени се 300 комплети или пет илјади книги.  Дел од нив ќе бидат поделени по библиотеките и на подрачните одделенија на архивите и така достапни по граѓаните.  Во документ од 60-тите години се зборува дека има  137 илјади досиеја, и Петровски смета дека треба да се истражи каде завршиле 122 илјади досеаја. Недостигаат и илјада досеаја на Македонци кои биле на Голи Оток. Меѓу следени бил и пратеникот Илија Димовски, кој го пронашол своето досие.  

На 16 години сум бил активно следен од  Државната безбедност,  од одделението во град Велес. Сум  бил детектиран на линија на македонски екстремизам. Тоа е апсурд во самостојна Македонија, не само јас,  туку и десетици други велешани биле следени и внимателно обработувани – рече Димовски.

Промотори на манифестацијата беа  Филип Петровски, Игор Сотиров, Дора Јурукова, Предраг Димитриевски, Александар Даштевски  и Никола Србов. 

Целиот процес на следење од 1945 до 2000-та, е работен спротивно на Законот, Уставот  и на СФРЈ и на Република Македонија во систем на парламентарна демократија.  Тоа го нема во ниту една поранешна социјалистичка држава. Се прислушувале поединци и партии и по 1990-та година, што е противзаконски. Правено е на груб начин со вложување  средства  и трошење луѓе. Тоа е правено од идеолошки причини. Што е спротивно на човековите права од Обедините  нации   -   рече Александар Даштевски уредник во повеќе томови од книгите.  

Едицијата  ,,Црните страници на УДБА,, се поделени тематски и хронолошки.  Во холот од новиот театар отворена е фото изложба 25 години од независност на Македонија.  Ќе биде поставена една седмица.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »