речник контакт

Промовирани четири стрип книги

Промовирани стрип изданијана Стрип Центарот на Македонија, од Велес за Цар Самуил, Македонскиот стрип во Никад робом и за прв пат стрип на албански јазик во Македонија

Петар Печков

Четири стрип книги, во тврд повез беа промовирани од  Стрип Центарот на Македонија, од Велес.  Тие се  дел од нивната годинашна продукција. И додека претходните години во Македонија се печатеа една или две вкави луксузни изданија, ова се рекордни четири примероци, што досега не се случило.    

Пред љубителите на стрип уметноста се најдоаа: Цар Самуил на  Миле  Топуз,   Македонскиот стрип во  едицијата ,,Никад робом,, на Ване Трајков, и  ,,Портопалермо,, од  албанската авторка Герта Опарику. Значајно за овои стрип е што тој е отепчатен двојазично, на македонски и албански  јазик и тоа е за прв пат  еден стрип во земјава да  биде издаден на  овој јазик.

 Од нашата издавачка дејност деновиве издадовме четири стрип книги. Меѓу нив е  стрипот ,,Цар Самуил,, во три епизоди на 84 годишнито Миле Топуз, со кого веќе договараме за нов негов стрип.  Албанската авторка Опарику е позната по нејзината соработка со познатиот српски режисер во неколку негови филмови Горан Паскаљењвиќ. Со издавањето на  овие стрип книги го афирмираме стрипот секаде каде можеме. Се надевам дека  оваа уметност ја популаризираме помеѓу младите.  Издавањето на овие четири стрип книги е голем чекор  за македонската стрип сцена, која е скромна.  Тоа е голема работа за македонската култура, бидејќи се во тврд повез и така се бесмртни - рече Ване Трајков   претседател на  Стрип центарот на Македонија.  

Сите четири стрип книги се финансирани од  Министерството за култура.   Во изданието ,, Македонскиот стрип во едицијата Никад робом,,  се претставени стриповите  кои  биле за македонските  јунаци за Карпош, за Самуил, за  Царот Гаврил Радомир, Климент Охридски,  Солунските атентатори, за Битката на ножот и авторот Ване Трајков  опфаќа период од 1963-та до 1970-та. Тоаш тиражот во кој овие стрипови биле издавани е за денес неверојатни 80 илјади примероци.  

Минатата година Стрип Центарот на Македонија го издаде стрип книгите ,,Итар Пејо,, на Диме Иванов Димано  а пред тоа ,,Кочо Рацин ,, на Димитри  Михајловски и Ване Трајков.  За наредната година  тие планираат да ги издадат  во карикатурално стрип издание  ,,,Крале Марко,,  и   двете продолженија на ,,Итер Пејо,,.

Стрип центарот два пати годишно го издава ,,Стрип креатор,, со тековни авторски дела и  досега се издадени 22 броја како и ,,Стрип алманах,,  . Сите издадени  стрип книги можат да се најдат во стрип центарот ,,Бункер,,, во Скопје и Стрип центарот сместен во просториите на Библиотеката. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »