речник контакт

Пронајдено мртво тело на жена во Нежилово, тешко повреден велешанец на улица пред казино

Бркал деца со нож и едно повредил. Откриен полицаец рибокрадец

Петар Печков

Деновиве во градот и околината  се случиле неколку настани, за кои информираа од СВР Велес.

 Во понеделникот претпладне во 10 часот во дворот од семејната куќа во селото  Нежилово, пронајдена е мртва сопственичката Лена Д. (84 год). Нејзе ја нашол синот кој дошол да  ја посети и  види. Жената лежела во дворот со видливи повреди. Веднаш  била викната Итната помош, а докторот констатирал повреди  на главата, поради што обвинител побарал телото на починатата да биде дадено на обдукција, да се испитаат причините за смртта.

Велешката полиција заедно со   Државниот инспекторат за земјоделие викендов   откриле тројца рибокрадци  на реката „Бабуна“ кај  „Фојнички Мост“.  Тие  направиле брана од гранки и трња со цел да фаќаат риба (Скобал) која е во период не мрестење. На лице место пронајден е  патнички автомобил марка „форд ескорт“ и истиот е донесен во Полициска станица.  Едно од трите лица кои се затекнати при незаконит риболов е полициски службеник од ПС Велес, за кого веќе е започната постапка во на  внатрешната контрола при МВР на РМ. По целосно документирање на нстанот, од страна на Државниот инспекторат за земјоделство ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во петокот наутро во 3,50 ч. пред   пред казиното „Адмирал “ во Велес,  бил пронајден   44-годишен жител на Велес како лежи во бесознание. Со возило на Итната медицинска помош лицето е пренесено во ЈЗУ Општа болница Велес заради укажување лекарска помош, од каде истиот поради тежината на повредата на главата  е пренесен во Ургентен центар Скопје.

На 31.03.2016 год. во 19  час. лишен е од слобода 41- годишен жител на Велес, поради претходо добиена пријава дека  околу 18,30час на улица Благој Ѓорев пред кафе бар „Бодега“ во Велес, со нож бркал две деца на возраст од 14 и 12 години кои во моментот си играле пред зградите, при што му на едното од децата му нанел повреда во пределот на раката.  Од страна на полициски службеници  одземен е ножот.

Од СВР Велес додават дека се превземаат мерки за целосно расветлување на  двата настани .

 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »