речник контакт

Разбојник нападнал велешанка и ја одзел ташната

Ја нападнал кога отштетената си одела дома, напаѓачот побегнал

Петар Печков

На  28 март  околу 21.10ч. на улица Орце Шутев пред куќен број 56 во Велес непознато лице ја нападнал М.П. (31 год).  Таа си одела кон домот кога непознатиот и пришол од позади  ја турнал на земја и насилно и ја одзел ташната по што побегнал во непознат правец. 

СВР Велес го потврди настанот и превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. Материјална штета е  проценета на околу 7 илјади  денари.

Пред еден месец во друг случај, во друг дел ан градот, велешанка беше нападната со пиштол з да ја предаде ташната, но откако таа се спротивставила и почнала да бара помош, разбојникот побегнал.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »