речник контакт

Разбојници од сириски бегалци одзеле 2,5 илјади евра

Осумина лица, им се заканиле со пиштол и физички ги нападнале четворицата бегалци

Петар Печков

 Четворица сириски емигранти   во средата попладне биле ограбени со закана од пиштол   при што им се доземени 2,5 илјади евра. Тие биле и физички нападнати од  осуммина  засега непознати сторители.

Тие   со два автомобили, засега непозната марка,  околу 16 часот во средата попладне на регионалниот пат Градско Велес, кај месноста Венуле,  наишле на групата бегалци, излегле од автомобилите, физички ги нападнале, и со закана од пиштол им одзеле 2,5 илјади евра. мобилни, патни исправи и облеката,  по што  со автомобилите се дале  во бегство.    

По разбојништвото, Сиријците случајот го пријавиле во велешката полициска станица. Од таму го потврдија настанот и дека преземаат мерки за откривање на сторителите.   Бегалците од Блискиот исток се честа мета на разбојници и измамници, откако наместо со воз, се префрлија на автопатот Гевгелија  - Куманово и пеш ја  минат Македонија, на патот кон земјите од ЕУ. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »