речник контакт

Рамазан Бајрам ги наполни продавниците во Велес

Големиот муслимански празник ги раздвижи трговците. Повеќе десетина илјади евра ќе се соберат деновиве

Петар Печков

Муслиманскиот празник  Рамазан Бајрам, кој се слави на 28 јули, ги наполни дуќаните на велешките трговци. Вчерашниот пазарен ден беше преполн со купувачи од лица од муслиманската вероисповед, кои се подготвуваат за овој за нив голем празник. Се купуваше и облека и храна, оти постот трае цел месец.

За овој ден се купува најмногу облека за децата. Некои купуваат и за постарите, родителите, браќа или сестри. Важно е да се подари и покаже внимание. Други даваат витир, тоа е  пари за сиромашните, за тие што ги познаваш. Рамазан Бајрам е   празник кој го слави духовното и телесното прочистување – вели соговорникот Сенад. Проценките се дека велешките трговци овие денови ќе соберат повеќе десетина илјади евра од прометот, што од храна што од облека.

Точно е дека имаше многу муштерии. Бараа, купуваа тоа што им се бендисува. Најмногу се бараше облека за децата. Добро е што во овој период ќе легнат повеќе пари од очекуваното на сметката – вели велешки трговец.  За одбележувањето на самиот ден на Рамазан Бајрам и адетите.

Самиот ден кога се слави Бајрам започнува со Рамазан-Бајрамска молитва, потоа се оди на гробишта да се посетат гробовите на предците и блиските. Потоа се честита празникот прво на најстарите (им се целива рака), а потоа на останатите. Помладите секогаш одат кај постарите. За славењето на денот се приготвуваат и служат традиционалните бајрамски јадења (бајрамско месо, аландити и баклава). Празникот се слави 3 дена и за цело време се оди на честитање – објаснува друг соговрник Муарем.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »