речник контакт

Рациновите средби во Велес по 50-ти пат од 11-ти до 13-ти јуни

Поканети се сите живи добитници на Рациновото признание

Петар Печков

Во средината на јуни, од 11-ти до 13-ти во Велес по  јубилеен 50-ти пат ќе се одржат ,,Рациновите средби,,. Така поетската манифестација која е една година помлада од светски познатите Струшките вечери на поезијата, му оддава почит на големиот поет  Коста Солев Рацин. 

Заради годишнината предвидени се повеќе  новини кои треба да и дадат свежина на  манифестацијата која добележува половина  век постоење. Организаторот општина Велес се обидува да ги донесе сите живи добитници на Рациновото признание,, странците добитници на Почесното Рациново признание  а ќе биде промовирано и ЦД со љубовна поезија на Рацин. 

Годишните јубилејни Рацинови средби ќе  бидат поразлични од останатите  години, затоа што се обележува 50 години од нивното постоење. Освен стандардните содржини,  ќе понудиме новина која годинава се случува за прв пат.  По завршувањето на поетскиот митинг, првата вечер, имаме промоција на ЦД ,, Балада за човекот  болка,, на  со најубавата љубовна поезија на Рацин, од Александар Кукулев.    Тоа ќе  се случи  во улицата каде е куќата на Рацин и  од тогаш таа ќе биде наречена  ,,Сокак  на поезијата,,.   Оваа  љубовна поезија потоа  ќе се емитува во куќата на Рацин 24/7 за што ќе се инсталира соодветна техника – вели Катица Чадиева  од општина Велес. 

Со програмата е предвидено велешките поети од клубот ,,Кочо Рацин ,, да имаат   настап пред споменикот на поетот во дворот од Гимназијата, Беседата за Рацин ќе се одржи пред  неговиот споменик во центарот на градот. Има и грнчарска работилница. На 12-ти јуни е предводена средба со сите  живи добитници на Рациновото признание, кои биле околу дваесетина. 

На годинашните Рацинови средби гостите од странство ќе бидат сите добитници на Почесното Рацинови признание. Ги има  десетина и повеќето од нив потврдиле дека ќе допатуваат во Велес. Симпозиумот  годинава е именуван ,,Лауреатите за Рацин,,. Секој од  гостите добитници на признанијата  ќе го каже неговиот став и  мислење за поетот а сите тие ќе бидат објавени во Алманахот следната  година.

За  портретот на  годинешните добитници на Рациновото признание за книга на годината  и Почесното Рациново признание  за афирмација на македонската култура надвор од границите  на Македонија е делот од програмата ,, Отворена сцена Мугра,,. Во рамките на манифестацијата е предвиден и концерт на групата ,,Леб и сол,,.

Дел од содржините ќе бидат  одржани и во Кичево, на денот на погибјето на Рацин, 13 јуни четвртока  во Домот на културата во Кичево кој го носи неговото име , каде  ќе се одржи манифестација ,, Литературни ракувања,, . Гостите на ,,Рациновите средби,, ќе бидат      префрлени до овој град ќе читаат нивна поезија.  Подготвена е изложбата  за сите досега  49 одржани манифестации, каде ќе бидат изложени книгите на добитниците и нивните фотографии. 

Четири месеци неколкумина луѓе од Музејот и Архивот работевме да ги пронајдеме сите релевантни документи за манифестацијата. Од нејзиното конституирање се до денес. Така првите седум години се доделувала награда за издавачка куќа за книга на годината а од осмите средби се доделува на  автор за книга на годината. Почесното Рациново признание пак се доделува на странци од 90-тите години. Истовремено извршивме и некои корекции на сталната поставка во куќата на Рацин -  вели  Марин Клифов кустос од Народниот музеј кој заедно со колешката  Павлина Василевска и раководителот на Архивот Слободан Ников подолго време ги пребаруваа во ризниците на велешкото  културно и историско наследство.

Нивната работа  ќе биде истакната во Ликовниот музеј.  Манифестацијата е финансиски подржана од Министерството за култура и од Општина  Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »