речник контакт

Реката Вардар не е корито за фрлање стари гуми

Екологистите со Јавна опомена за вулканизер

Петар Печков

Екологистите од ЕД Вила Зора реагираат на праксата во реката Вардар да се фрлаат користени автомобилски гуми.  За ова тие дознале  со јавувања на граѓаните по телефон и преку електронска пошта.   Затоа тие до сторителот, кој за нив е познат, испраќаат  јавна опомена, пред да поднесат прекршочна, за што имале и фото материјал. 

Преку ,,Зелениот сервис за граѓаните,,, пристигна пријава за исфрлање на автомобилски гуми во коритото на реката Вардар од еден сопственик на вулканизер во Велес. ЕД Вила Зора од Велес испраќа ЈАВНА ОПОМЕНА до сопственикот, кој сам ќе се препознае, да прекине со фрлањето стари гуми во реката Вардар и гумите кои се веќе фрлени во реката Вардар, лично да ги отстрани. Имаме докази и очевидци на стореното дело, за што од Државниот инспекторат може да му бидат изречени повеќе прекршочни санкции и пријави  – стои во писмената информација на ЕД Вила Зора. 

Бидејќи  реката Вардар е под ингеренции на Министерство на животна средина,  екологистите најавуват дека  ќе  поднесат пријава до Државниот инспекторат, ако сопстеникот вулканзиер не го стори бараното.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »