речник контакт

Рокот за изведба на регионалниот пат Велес - Градско продолжен за половина година

Изградбата треба да заврши до 30 ноември

Петар Печков

Рокот за реконструкција  на регионалниот пат Велес -Градско е пролонгиран до 30 ноември годинава, потврдуваат за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Изведувачот бил воведен во работа на 30 август лани, а рокот за изведба на градежните работи од 9 месеци истекол до 30 мај 2023. Должината на трасата која се обновува е 22 километри

„Поради непредвидени и дополнителни работи на патната делница рокот на завршување на работите е продолжен за 6 месеци или до 30 ноември 2023 година. Асфалтирани се 12 километри БНС -прв слој на асфалт и 6 километри АБ – втор (завршен) слој на асфалт, изјавија од ЈПДП.

Вредноста на работите е 347.356.374 денари,обезбедени со заем од ЕБОР, а изведувач е „ХИДРОСТРОЈ“ и „ЕСКАВАТОРИ“ МК ДООЕЛ.
Од ЈПДП посочуваат дека патот е под времен режим и движењето зависи од активностите на изведувачот. Поради високите температури изведувачот работи од 7 до 11 часот, потоа нема работни активности -асфалтирање.

Последните 10 километри од делницата се уште се земјен пат.  Алтернатива за патување  на регионалниот пат Велес- Градско е автопатот, каде има патарина. Градежни активности не се одвиваат во недела кога е неработен.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »