речник контакт

СО ТРМР сум поблизу до дома

Родена велешанка, жителка на Сомбор Родна Попиќ – Раштанска во посета на родниот град

Петар Печков

Деновиве во родниот град Велес  престојуваше Родна Попиќ, родена Раштанска.  Таа со другарките ја сретнав во дворот на манастирот Св. Димитрија.  Од краткиот муабет дознав дека е редовен посетител на ТРМР и  страницата и е прозорец кон родниот крај.

Редовно го читам Ти реков ми рече. Така дознавам за се што се случува во Велес.  Еве сега кога дојдов искористив можност да го посетам Црн Камен. Иако  до матурантка живеев во Велес, досега  не сум се качила таму.   Локацијата и местото  ме воодушеви - изјави Родна Попиќ, со моминско презиме Раштанска.

Но не е само таа натурализирана сомборка која редовно ги чита содржините на ТРМР.  Со стpаницата е и Лилјана  Ѓокиќ родена Соколова, која беше иницијаторот за збратимувње на овие два града.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »