речник контакт

Сабота групна крштевка на Бабуна - 2013 година

Ќе се случи по шести пат, во водите на реката Бабуна

Петар Печков

На ден 20. 07. 2013 година, сабота со почеток во 10 часот, Повардарската епархија ќе организира групна крштевка во водите на реката Бабуна во Велес.

Чинот на Светата Тајна – Крштение ќе го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес. Групната крштевка во водите на реката Бабуна се организира по шести пат во Велес.

Крштевката како и досега ќе биде бесплатна, а можат да се пријават само лица постари од 14 години. Пријавувањето се врши секој работен ден во просториите на Повардарската епархија во Велес од 08 -16 часот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »