Петар Печков
Објавено: вторник, 19 јули 2011
Изненадување за јавноста во градот, која во фотелјата на директорското место во ЈКП Дервен гледаше друг кандитат, за кого тврдеа дека е завршена работа.
Но изборот на градоначалникот Горан Петров беше за Сашко Kрстевски, дипломиран економист, порано вработен во АД Жито Вардар, сега сопственик на приватна фирма.
Вториот кандидат на конкурсот за директор беше Бобан Пановски, дипломиран правник.
Ова промена доаѓа откако досегашниот директор Ѓорги Коџобашиев, стана пратеник во новиот состав на Републичкиот Парламент.
Tweet |