речник контакт

Се бараaт предлози за општинските награди за 2018-та

Покрената иницијатива и за предлози на нај студент и наградата „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“

Петар Печков

Комисијата за општествени дејности покрена иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветто Ноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2018 година. Според деловникот признанијата 9-ти Ноември се доделуваат на поединци, органи, организации, граѓански организации и заедници чие дело и постигнати резултати се од значење за Општина Велес и нејзината афирмација во земјата и светот. Неопходно е кандидатите за овие  признанија делото за кое се предложени да го афирмирале во јавноста. Предложениот кандидат да е жител на Општина Велес или тематски неговото дело да е поврзано за Општина Велес. Наградата за животно дело „Гемиџии“ се доделува на поединци за постигнати резултати во развојот и афирмацијата на Велес во државата и надвор од неа. Предлозите мора да бидат образложени и се доставуваат најдоцна до 31октомври 2018 година.

Комисијата  за општествени дејности покрена иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2018 година. Според деловникот Награда  се доделува на студент од Општина Велес со завршена најмалку втора година од студиите на некој од универзитетите во Република Македонија и акредитираните универзитети во земјата и странство. Наградата не е делива. Предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ може да поднесе секој граѓанин на Општина Велес и самиот студент. Кандидатот за награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ треба да  е жител на Општина Велес и да има просечен успех во текот на целото студирање од најмалку 9,5.  Предлозите се доставуваат најдоцна до 31 октомври 2018 година.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »