речник контакт

Се запали локомотива на пругата Велес - Штип

Нема повредени патници

Петар Печков

Во движење се запалила локомотивата на патничкиот воз Скопје - Кочани во близина на  железничката станица Овче Поле, кај фабриката на Месна индустрија МИК Свети Николе. Во возот имало околу 50 патници, од кои поголемиот број студенти од Штип и Кочани.Овој трет викенд е бесплатен за возење по македонските возови за студентите. 

Нема повредени патници а маеријаланта  шетата дополнително ќе се утврди.

Пожарникарот Марјан Серафимов од Светниколската противпожарна единица вели дека повикот за пожарот го добиле околу 18 часот, а поради непристапниот терен пожарникарите морале околу 300 метри на рака да ги носат противпожарните апарати, а пет црева за дотур на вода биле донесени од кругот на фабриката МИК Свети Николе

Според првичните информации, пожарот бил предизвикан од искра при кочењето, при што била зафатена цистерната полна со нафта.

Локомотивата гореше и ние моравме да се качиме на неа  и да ја изгаснеме. Пет пожарникари бевме на терен, за среќа нема повредени, изјави Серафимов.  

Патниците навреме се евакуирале од возот  Тие велат дека  имале среќа поради присебноста на машиновозачот, кој навреме ги информирал да излезат од вагонот.  За да стигнат до автобусот кој ги чекал за превоз до Штип и Кочани  морале да одат  по  пругата, по темница околу еден километар.  

Локомотивата и возот во ноќните  часови  со другата локомотива, биле превезени до Скопје на поправка. На оваа делница има по два патнички воза во текот на денот кои сообраќаат на релацијата Скопје - Кочани.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »