речник контакт

Се запалил оџак, потоа и кров од семејна куќа кај Соколаана

Неделата попладне пожар на ниско стеблеста шума кај Сопот

Петар Печков

Вчера вечер, недела, се запалил оџак а потоа и кров од куќа, кај месноста Соколаана.   Пожарот бил локализиран по два часа интервенција на велешките пожарникари. Од СВР Велес информираа дека куќата е сопственост на А.Ф.(41 год) од Велес а повредени лица нема. 

„На ден 28 јануари  во 21:25 примена е дојава за запалена куќа на ул. Кресенско Востание кај Соколаана. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со две против пожарни  возила и шест пожарникари спасители. Благодарение на брзото пристигнување и брзата интервенција спречено е пожарот да се прошири на околните куќи“ - соопштија од ТППЕ Велес.

Велешките пожарникари интервенирале и неделата попладне, во близина на езеро Младост, каде горела нискостеблеста шума но и смрека. Освен пожарникарите интервенирале и петмина вработени од шумско стопанство Бабуна од Велес.

„На ден 28.01.2024 во 15:25 примена е дојава за задимување наспроти винарија Сопот. ТППЕ Велес излезе на лице место со едно против пожарно возило и тројца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место затекнат е пожар во развиена фаза на површина околу пет хектари по неколку часа пожарот е целосно ликвидиран“ - соопштија од ТППЕ Велес.

фото ФБ/ТППЕ ВЕЛЕС

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »