речник контакт

Се истражува Акрополата од Велешкото Кале

Населбата постоела уште од хеленистичкиот период

Петар Печков

Годинава во два наврати се работеше на археолошкиот локалитет ,,Велешко Кале,,. Стручни лица од Народниот музеј во Велес во јули и сега во октомври, работат на  разоткривање на тајните на Калето, кое како населба постоело уште од хеленистичкиот период.  Во овој период се истражува Горниот град – Акропола. 

Овој период работат две екипи, еден кај Акрополата а друг на  простор каде имаме евидентирано илегални дејствија и  според првичните информации таму станува збор за некропола.    Во јули работевме на  истражување на Акрополота и сега продолжуваме.  Врз основа на археолошките сознанија кои ги имаме, тоа е  местото од каде се развивал стариот град. Според расположливите податоци  станувало збор за хеленистичка населба, која опфаќала површина од 3 ха,  па се развила доцно античка населба. Таа имала големи одбранбени ѕидови, кои и денес некаде опстојале.  Во средновековниот период повторно тие биле искористени но зајакнати, со оглед  какво немирно време било тогаш – изјави Анита Василкова Мидовска, виш кустос во Народен музеј Велес.  

Со добиените сознанија, ќе се добие поцелосна слика, далеку од завршна, за тоа како се развивал овој град и кои биле градежните техники и стратешките позиции. Тие биле забележливи токму на Акрополата. Со овие истражувања, 70 отсто од Акрополата е  истражена, по што  би следеле конзерваториски работи, кои би го ревитализирале местото.  

Локалитетот ,,Велешко кале,, за прв пат е започнат да  се истражува во 1989 година,  познат е  на стручната јавност, но непознат за граѓаните. Се наоѓа над устието на реката Тополка во Вардар, и манастирот Св. Димитрија на влезот во Велес. Ископувањата кои сега се работат се финансирани од Општинскиот Буџет.  

На локалитетот археолозите пронашле значајни откритија меѓу кои најважни се гробница со црква и аквадукт кој го користеле жителите, а денес водоводот го употребува манастирот Св. Димитрија.    Последната жителка која живеела во Калето била баба Ката а нејзиното семејство Карталови било последно таму. По ова населбата останала празна а со годините се запустила. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »