речник контакт

Се краде цвеќето, но и кантите за смет

Свежо засаденото цвеќе од јавните површини несовесни граѓани го крадат за дома. Истото се случува и со кантите за смет кои ги снемува од главната улица

Петар Печков

Проблем се јавува што, и покрај напорите на РЕ Паркови и зеленило да го разубави градот со обновување на цветните жардињери, за жал, несовесни граѓани ги крадат свежо засадените цвеќиња. Најмногу цветни садници се крадат на локацијата пред Основниот Суд, и кај цветните жардињери по  должина на  улицата Благој Ѓорев.

Факт е дека количините на цвеќе со кои ЈКП Дервен располага не се бесконечни, и службите не се во можност и понатаму да ги потполнуваат со цвеќе местата од каде тоа редовно се краде, па доколку нашите сограѓани сакаат да живеат во убаво уреден град мора да покажат поголемо внимание кон зеленилото и да го чуваат наместо да го уништуваат. Освен ова, кражбите ја оневозможуваат РЕ Паркови и зеленило навремено да ги исполнува и многубројните обврски за одржување на зеленилото и на други локации во градот, и предизвикуваат задоцнување на започнувањето со садење дрвја во градскиот парк – велат од ЈКП Дервен.

Ова е појава со која ЈКП Дервен се соочува со години наназад. Веќе станува редовна пракса новонасадените дрвца и цвеќе да се крадат од зелените и цветните површини во градот и истите да завршуваат во приватни дворови и жардињери. На разни локации во градот годинава засадени се 14.500 садници од темјанушки, а по должина на  улицата Благој Ѓорев засадени се 200 садници од хризантеми.

Но се крадат и пластичните канти за смет. За последните шест месеци од главната улица Маршал Тито украдени се околу 60 канти и тоа од најфреквентната улица во градот, и тоа во два наврати. Откако во првиот случај беа украдени 25 канти за смет, надлежните од РЕ: Комуналана хигиена ги врза со железни ланци и катанци.

Но евидентно дека сторителите биле со намера да ги украдат, па едната вечер пред кражбата ги исекле ланците  за следната да ги снема и кантите. Поради ова, додека  се изврши замена на кантите за смет, дел од него граѓаните немаа  каде да оставаат, па кучињата скитници го разнесуваа по улицата од централното градско подрачје, која така беше нагрдена.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »