речник контакт

Се намалува бројот на заболени од туберкулоза во велешко

Лани најмалиот пациент бил бебе од 6 месеци. Годинава за 3 месеци само еден заболен

Петар Печков

Во поширокиот велешки регион изминатата година имало осум заболени од туберкулоза, наспроти 15-те од 2013-тата. Ова го  покажуваат податоците на Антитуберкулозниот диспанзер, при  ЈЗУ Општа болница Велес, на 24 март светски дена на борбата против туберкулозата.

Шест од ланските заболени биле  жени а најмладиот пациент е шестмесечно бебе, кое се заразило со доење од болната мајка.

  Во првите три месеци од годинава во велешко е регистриран само еден новозаболен од туберкулоза, која  успешно се лекува. Лекувањето на заболените е со  бесплатни лекови од Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија, и ги има во Диспанзерот.

Навременото лекување и континуираното следење на состојбата на болните во текот на целата болест придонесуваат бројот на заболени да се сведе на минимум објаснуваат докторите.

Според лекарите, најдобра заштита од туберкулозата е одржување на личната хигиена. Лекувањето од туберкулоза најчесто трае неколку месеци. Кај новите болни тоа е  шест месеци, кај рецидивите осум, а кај ретки случаи трае и до две години. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »