речник контакт

Се преврте трактор, почина возачот

Го паркирал тракторот во дворот кога се случила несреќата во селото Долно Чичево, Градско

Петар Печков

Денес околу 14,30 часот почина возач на трактор соопштија од велешката полиција.

Според СВР Велес настанот се случил околу 14,15 часот  кога Симеон Богдановски ( 62 год)   враќал дома во  селото Долно Чичево близу населба Градско. Сведоците велат дека се обидувал да го паркира тракторот во неговиот двор, кога се лизнал поради мразот, изгубил контрола и тракторот се превртел.  

Починал на лице место а кога докторот од Итната помош стигнал, веќе било доцна.  На местото на настанот јавен обвинител и СВР Велес извршиле увид, по што ќе се знаат причините за несреќата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »