речник контакт

Се продава приодниот пат до дома, за станарите од Крсте Мисирков бр.8

Од општината велат ќе се гради нов, од улица АСНОМ иако ваквото барање на станарите со години беше одбивано

Петар Печков

Приодниот пат, влезот за станарите од зградите на улица Крсте Мисиров бр. 8 се продава. Ова за дел од нив е изненадување, оти тоа им е единствената легана врска со улицата на која живеат. Затоа информацијата дека просторот е даден на продажба беше непријатен настан и неочекуван заплет.

Ова е нашиот влез за станарите на двете згради. Сите наши документи се водат на улица Крсте Мисирков и од тука е приодот до домовите. Како ќе влегуваме до  зградите преку легален пат, ако се продаде оваа локација – се чудат станарите. Потсетуваат дека истата е бетонирана пред 10-тина години, по подолги убедувања со локалните власти. На тој начин е обезбеден и приодот до нивните живеалишта.  Од локалната самоуправа на  Велес објаснуваат дека  оваа новина е предвидена со промена на ДУП-от.

Оваа условна новина, за која станарите реагираат е од 2005татга година кога бил променет ДУП. Тогаш е предвидено просторот да се продава, а приодот за овие две згради да биде од улица АСНОМ, поранешен Моша Пијаде. Затоа ќе се уреди приоден пат  - велат од општина Велес. 

Додаваат дека станарите можеле да реагираа кога пред 9 години била вршена промената на ДУП и нивните реакции тогаш можеле да бидат земени во предвид, сега тој е на снага и локацијата ќе се продава. Таа веќе еднаш била понудена, продадена, но сопственикот се откажал. Можеби кога видел за каква место положба се наоѓа земјиштето. Ваквото образложение  предизвика чудење кај станарите.

Ако е така  како што велат, зошто тогаш сите овие години, кога баравме да се уреди дивот приоден пат, од локалната власт секогаш  ни тврдеа дека  ја имаме  по лична карта улицата Крсте Мисирков, како место на живеење и не можат да ја бетонираат онаа од страна на тогаш Моша Пијаде. Пат кој е земјин и често каллив. Сега тоа што го негира и го одбиваа, го најавуваат како решение.. Ова е навистина необјасниво – велат дел од станарите засегнати со новонастанатата ситуација.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »