речник контакт

Се роди срна, во одгледувалиште близу Велес

Десет женки и два елени живеат близу Велес, во одгледувалиште сопственост на Ловното друштво Руен од Велес

Петар Печков

Десет женки и два елени живеат близу Велес, во одгледувалиште сопственост на Ловното друштво Руен од Велес. Заградени и заштитени од дивите ѕверови но и од човекот, во овој простор од  неколку декари живее поголема група срни.

Тука се прехрануваат со детелина. Живеат опкружени со шума. Просторот е во близина на Велес, но од Руен не го откриваат заради заштита на стадото срни.  Од неодамна ова стадо се зголеми. Од четвртокот имаат принова, мало срне, за кое се уште не знаат дали е машко или женско. 

Срните се од родот лопатари. Согласно договорот за концесија кое ЛД Руен го има со Министерството за шумарство, тие се обврзани да пуштаат во текот на периодот  на концесија одреден број срни во природата.

Така наскоро овие примероци ќе завршат на некој од пределите со кои управува ЛД Руен а се на површина од 132 илјади хектари во велешко. Од таму потсетуваат дека застрелување на срна, елен е тешко кривично дело за кое може да се заврши и в затвор.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »