речник контакт

Се уште гори кај Теово, пожарите кај Каратманово и Јаболчиште изгаснати

Огнот зафатил и дел од пругата кај Теово, а на блискиот врв оштетени антените на мобилните оператори и МРД

Петар Печков

Три дена гори пожарот во околината на  село Теово, додека тие кај  Горно Јаболчиште и Каратманово, велешко се ликвидирани. Огнот кој се уште  гори  кај селото Теово оштетил и дел од железничката пруга Васил Антевски Дрен и село Теово, поради што интервенирал и противпожарниот воз. Од огнената стихија биле зафатени антените на МРД и мобилните  оператори на врвот  Вртешка, близу селото, и тие се оштетени. 

Од петокот попладне гори голем пожар во околината на село Теово, кој зафатил и дел од тамошната шума и од ветрот го менува правецот  на движење, се закануваа на повеќе села. Поради тао извршена е мобилизација на дел од составот во градот, кој два дена е на терен. Сите три дена за негово локализирање ангажирани се по два авиони  на ДЗС, од видот ер трактор- изјави Билјана Симова   раководител на велешката Дирекција за заштита и спасување.

Пожарот кај селото Горно Јаболиште и кај селото Каратманово, кои се локализирани зафатиле и дел од шума, кај Каратманово борова а кај  Јаболчиште дабова и букова шума.  Засега нема проценка колку површина уништиле овие три пожари а сомнежите се дека кај сите три причината е човек. Во локализирањето на пожарите учествуваат екипи на ППЕ, на Шумско стопанство Бабуна, луѓе од ДЗС и месно население.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »